Со вакви другари, животот е прекрасен: Игор од Струмица е среќен човек!
- Детали
- четврток, 03 март 2016
Македонија е земја на добри луѓе, а доказ за тоа се оние кои се обидуваат на некаков начин да го подобрат животот на оние кои живеат во сиромаштија, кои немаат парче леб за јадење, а сепак наоѓаат начини како да преживеат.
Неодамна имавме можност да видиме како благодарение на Наташа Стоилковска и уште неколку хумани лица, чичко Љубе има пристојна работа како чувар и обезбедена храна.
Овојпат имаме можност да посведочиме за добрината на луѓето со уште еден пример за добро дело.
Ова е приказната за Игор Постолов и помошта која тој ја добил од неговите колеги. Фејсбук објавата на Марија Јаневска сведочи за добрината на Кристина, координаторот на групата, и нејзините колеги кои му помогнале на Игор:
„Ова е Игор Постолов од Струмица, кој има силна желба да стане психолог и покрај својот инвалидитет. Игор е вистински борец. Во септември решил да дојде во Скопје и да се запише на УΚИМ. Целиот клас на Институтот за Психологија бρгу се зближиле и сложно го поминале првиот семестар. Патем, тој секогаш бил културен, воспитан и внимателен на часовите и никогаш не се пожалил за ништо, но неговите колеги забележувале дека тој доцни со семинарските и домашните задачи. Криел, но тие за кратко дознале дека тој нема ни лаптоп, а за семинарските за кои му е потребен и лаптоп и интернет се снаоѓа некако молчејќи. Дознале дека државата го сместила во мизерни услови во студентскиот дом Стив Наумов, каде нема лифт, нема интернет кој му е потребен за учење, а кровот кипе. Но, тој повторно за ништо не се пожалил.
Вчера, на Игор Постолов му беше роденден. Под раководство на нивниот координатор Кристина, оваа мала група на студенти собрале околу 18.000 денари со кои ги покриле трошоците за интернет и купиле лаптоп за Игор да може навреме да ги сработува своите обврски и домашни задачи.
Замислете, тие се прва година на Психологија. Се познаваат само 5 месеци, а веќе се едно големо семејство. Ми се обратија мене, затоа што велат, тие толку можеле да помогнат. Велат дека Игор не се жали за финансиски средства, но тие не можат да гледаат во какви услови живее и не знаат како да му помогнат. Со овој мој пост сакам да ги известам медиумите и сите јавни личности, како и властите, со цел да ја подобриме состојбата на Игор.
Кристина, полна со надеж, на крајот само ми рече „Големите луѓе се големи заради малите работи кои ги прават со голема љубов. Лесно е да си психолог, тешко е да бидеш човек, но студентите во мојот клас се посебни.“
Долу ви оставив линк каде можете да го видите видеото кое го снимиле од изненадувањето. Душава ми е истовремено и среќна и тажна. Ама погорда во живот не сум била. Браво дечκи! Игор, среќен роденден! Вакви другари не се наоѓаат никаде на светот!“.
Н. Г. | Црнобело