Иван Јованов објави ретка фотка со сопругата - уживаат со ќеркичката Ниа во Охрид (фото)
- Детали
- четврток, 01 август 2024
Иван Јованов е во Охрид со семејството, од каде што објавува слатки видеа од ќеркичката, а по долго време сподели и фотографија со сопругата.
Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, во моментов е во Охрид со сопругата Ивана и нивната 4-месечна ќеркичка Ниа.
Тие во Охрид се како дома, бидејќи Ивана, всушност, потекнува од овој град, па често го посетуваат, и додека таа беше бремена, но и откако се роди бебето.
Иван не крие дека уживаа во деновите поминати со семејството во македонскиот бисер, па ако до неодамна го криеше лицето на ќеркичката, сега за кратко време сподели неколку видеа од неа.
На последното од нив, Ниа спие, но со раката стуткана во тупаница прави „шипак“.
Иван го сними моментот и го сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.
„Еве ви го“, напиша тој на видеото, алудиурајќи на стара, често користена фраза уште од времето на Југославија.
Но, поголемо изненадување за неговите фанови на Инстаграм беше што пејачот сподели и фотографија со сопругата Ивана, на која се прегрнати и насмеани.
Ова е една од ретките фотки на Иван и Ивана.
Ивана неодамна беше и на настап на својот сопруг на плажа во Охрид, а таму ја однесе и Ниа, да го слуша својот татко како пее.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело