Чичко Љубе од Рекорд добива втора шанса за поубав живот
- Детали
- среда, 02 март 2016
Сите го знаеме чичко Љубе од Рекорд, човекот кој едвај има за леб, но сепак истото тоа парче го дели со уште неколку кутриња кои му се лојални пријатели.
Тој цел живот е седнат покрај една масичка на која продава ситници во центарот на Скопје. Тоа беше негов дом и работно место воедно.
За среќа, повеќе не е.
„Новиот“ чичко Љубе моментално добива втора шанса за подобар живот.
Благодарение на Наташа Стоилковска и уште неколку хумани лица, сега „новиот“ чичко Љубе има пристојна работа како чувар и обезбедена храна.
Откако среќата ќе му се насмевне на човек, следува комплетна трансформација, баш како неговата.
Фотки после кои ќе верувате во втора шанса за поубав живот:
М. Д. | Црнобело