Цртај и патувај во Дизниленд - Започнува детскиот ликовен конкурс на Ладна

По минатогодишниот успешно организиран ликовен конкурс, многу пријавени цртежи и супер награди, Ladna повторно доделува патување во Дизниленд за две дечиња кои ќе ги насликаат најубавите цртежи на годинешната тема „Водата и природата“

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-1.jpg

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.04.2009 до 27.04.2012 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.02.2006 до 27.04.2009 година.

За шесте најубави цртежи, Ladna и оваа година обезбеди супер награди: 2 тридневни патување во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Ликовниот конкурс ќе трае до 27.04.2016, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Водата и природата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.

Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 500 детски цртежи кои што беа изложени во Сити Мол.

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-2.jpgПрва награда – Александар Атанасоски - 9 години, Прилеп

„Беше прекрасно да се видат сите ликови, дворци, бродови, планини и патеки од цртаните и филмовите на Дизни студиото, да се почувствува магијата на филмската индустрија одблиску, да се лудува на тобоганите, лифтовите и рингишпилите.“ – изјави Александар Атанасоски, добитник на патување во Дизниленд на првиот ликовен конкурс во 2015 година во категоријата на деца од 7 до 10 години.

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-3.jpgАлександар Атанасоски во Дизниленд, Париз

Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страната на Ladna: www.facebook.com/Ladna.mk

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Сестри близначки од Македонија со впечатлив изглед - диџејско дуо што го освојува светот Впечатливи и енергични, сестрите близначки Патриција и Андреа се вљубенички...
„Кога бев мал мислев дека татко ми е супермен“ – Тони Михајловски прослави 57-ми роденден, синот го ... Синот, внукот и снаата на Тони Михајловски му приредија изненадување за 57-иот р...
Ледената Бетика медитираше по 11 часа дневно, со древната техника Випасана: „Им погледнав в очи на н... „Имавме медитации во кои воопшто не смееш да го помрднеш телото и на почеток ми ...
Биг Мама славеше роденден: Фрлаше пари на музичарите, дуваше свеќички на црно-сребрена торта Една од најпопуларните водителки кај нас, Биг Мама, направи роденденска забава з...
Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg