Покажи ги своите дизајнерски и програмерски вештини и креирај своја блог платформа!

Задоволство ни е да го претставиме третото издание на Code App, Level Up, организирано од ЕЕСТЕК ЛК Скопје!

pokazi-gi-svoite-dizajnerski-i-programerski-vestini-i-kreiran-svoja-blog-platforma-01.jpg

Во периодот од 29.02 - 05.03.2016 година, 68 домашни и 12 странски студенти ќе имаат можност да учествуваат на еднонеделна работилница за развој на веб сервиси.

Во текот на работилницата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и навлезат во светот на дизајнот и развојот на веб сервисите. Стекнатото знаење на динамичните предавања, тие ќе имаат можност да го применат практично.

Работилницата е со натпреварувачки карактер и тимовите своите платформи ќе имаат можност да ги претстават на финалниот натпревар.

Поддржани од Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на предавања под менторство на професори од факултетот како и други искусни предавачи од светот на оваа IT гранка.

Обуките кои ги нуди оваа работилница се:

- Дизајн на веб сервис (front-end) -Студентите на предавањата ќе се запознаат со трендовите во front-end делот. За време на работилницата ќе учествуваат во изработка на дизајнот на блог платформата.

- Развој на веб сервис (back-end) - Во овој дел, студентите ќе слушаат предавања поврзани со најовите технологии за развој на веб сервиси. За време на работилниците ќе работат на развивање на своја блог платформа, во технологиите Java, .Net или PHP.


Зошто да бидам дел од оваа работилница?

За време на интернационалната работилница нашите студентите ќе имаат можност да разменат мислења и знаења со студенти од други европски држави, како и сето знаење да го преточат во реални проекти .

Тимовите ќе бидат составени од пет члена, од кои двајца ќе го работат делот за дизајн, а тројца делот за развој на блог платформата.


Каде да се пријавам?

Работилницата е бесплатна, а линкот за пријавување може да го најдете тука.

Би можело да ве интересира:

Вечерва не се оди на гости, ниту пак се излегува од дома – Православните христијани го слават Бадник Што треба да се направи со бадниковото гранче? Каква треба да биде трпезата? Што...
12 познати Македонки кои позираат без грам шминка – изгледаат прекрасно и кога се природни (фото) Антониа Гиговска често вели дека жените се најубави природни, Каролина ужива без...
10-годишно момче од Куманово си доби дрес од голманот на македонската репрезентација: „Ќе го заменам... „Кој чека, ќе дочека. На среќата ѝ нема крај“, напиша на Фејсбук таткото на Серг...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Почина Зоки Фаци по долга борба со ракот Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по до...
Актерот Лазар Бараков наполни 70 години: „Среќен роденден на човекот кој има 0 хејтери и еден тон об... „На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка Лазар Бараков. Ќе го пам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg