Вечерва не се оди на гости, ниту пак се излегува од дома – Православните христијани го слават Бадник

Што треба да се направи со бадниковото гранче? Каква треба да биде трпезата? Што не треба да правите на овој ден? Кои се некои од најчестите верувања што се поврзуваат со празникот Бадник?

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-01.jpg

Православните христијани денес (06.01) го слават Бадник, денот пред Божиќ, со којшто започнуваат божиќните празници.

Во некои краеви од Македонија, прославата започна уште минатата ноќ со палењето на коледарските огништа, а утрово семејствата треба да се разбудат со коледарската песна на коледарчињата.

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-02.jpg

Околу празникот Бадник се врзуваат повеќе обичаи и верувања. Се верува дека името на празникот има старословенско потекло и означува да бидеш буден, односно таа вечер сите домашни луѓе треба да останат будни и се врзува со бдеењето покрај обредниот оган.

Според традиционалните обичаи, денот треба да започне со засекување на бадниковото дрво (најчесто дрво од даб). Уште во раните утрински часови, домаќинот на куќата треба да замине и да го засече бадниковото гранче.

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-04.jpg

Според некои верувања, бадниковото дрво треба да се засече со три силни удари, а она што секирата нема да може да го засече се довршува со кршење или извртување и тој скршен дел на дрвцето се нарекува „брада“.

Се верува дека бадниковото дрво треба да се остави надвор, исправено покрај ѕидот на куќата, а да се внесе во домот навечер и подоцна во вечерните часови да се запали во домашното огниште, како симбол на топлината во домот.

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-03.jpg

Со оглед на тоа што со Бадник завршуваат божиќните пости, трпезата оваа вечер треба да биде посна, но разновидна. Во нашите домови традиционално се подготвува бадниково лепче, кое треба да се подели на сите членови на семејството, посно гравче, сарма, риба и други посни јадења.

Исто така, традиционално на масата се става и кисела зелка, туршија, суви сливи, смокви, ореви, костени...

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-05.jpg

Се верува дека Бадник е празник во кој семејството вечерта треба да остане дома и кога не се излегува од домот, ниту пак се оди некаде на гости.

denes-ne-se-odi-na-gosti-nitu-pak-se-izleguva-od-doma-pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg