По Елена Ристеска, Тијана Дапчевиќ е следната Македонка во „Твоето лице звучи познато“
- Детали
- петок, 29 јануари 2016
Тијана Дапчевиќ ќе биде новата македонска учесничка во третиот серијал на популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, а судејќи по тоа што на јавноста ѝ е позната како духовита и креативна жена, може да очекуваме добра забава.
- Тијана извесно време преговараше со продукцијата на шоуто, а сега е речиси сигурно дека ќе биде дел од овој проект. Луѓето кои го организираат шоуто сметаат дека Тијана е одличен натпреварувач затоа што е забавна, позитивна и знае да ги насмее гледачите. Приватно сака да ги имитира колегите, па оваа задача на телевизија добро ќе и легне, вели извор за српските медиуми.
Додека сме во исчекување на новата сезона и првиот настап на Тијана, потсетете се на најдобриот настап на Елена Ристеска во минатата сезона на шоуто.