SMIDGIN - првиот македонски џин со дестилерија во срцето на Скопје (18+)
- Детали
- среда, 20 ноември 2024
Старата МЦМ куќа го крие местото кое секој би требало да го посети. Тоа е првата дестилерија за џин во Македонија - SMIDGIN.
Уникатноста на првиот македонски џин - Smidgin доаѓа од фактот дека целиот процес од лепење на етикетите, до ставање на восок, подготовка, флаширање и пакување е рачно направен и истиот може да се погледне при посета на дестилеријата.
За квалитетот на производите говорат наградите на независни, престижни натпревари кои докажуваат дека имаме еден од најквалитетните џинови во светот.
За сите производи се користат природни бои и најквалитетни состојки кои се со контролирано потекло и најчесто од македонско поднебје со традиционално значење за нашиот регион.
Произведувајќи три уникатни вкусови - Smidgin Classic, Smidgin Velvet и Smidgin Orient, не само што овој бренд го освои домашниот, туку и интернационалниот пазар, па така Smidgin може да купите во 10 држави во светот (Малта, Германија, Италија, Америка, Швајцарија, Србија, Австралија, Америка, Емиратите, Црна Гора).
Производите кои ги нуди Smidgin може да се купат во дестилеријата и на онлајн продавницата , а исто така и во повеќето продавници за алкохол низ Македонија.
Смидџин сè почесто се користи и кај нашите соработници во баровите и останати места каде се служи алкохол.
Освен регуларните пакувања има опција и за персонализирани подароци кои се прават по нарачка.
ПРЕМИУМ BARREL AGED GIN 56%
На регуларната палета со вкусови, минатата година го вклучивме и barrel age џинот кој во светот е познат како уникатен и лимитиран производ, а нашата дестилерија до сега произведе две серии во различни видови на буриња и истите во лимитирана количина.
Моменталната серија Smidgin XO 56% - Cabarnet Sauvignon е стоена 328 дена во буре од црвено вино која го надополнува автентичниот вкус на производот и го збогатува со уникатни ароми.
Освен џин, Смидџин нуди и можност за различни видови на настани и посети со интересна тематика кои се вистинско надополнување на вашите коорпоративни собирања или пак приватни забави.
1. Посети и дегустации во дестилерија
2. Едукативни тури со миксолог и различни коктели
3. Gin making classes и различни коктел настани каде можете самостојно да креирате коктели
4. In-house настани во фирми и на различни манифестации и промоции
Како новитет ги имаме и малите 100мл шишенца кои иделно ќе се вклопат во подароците кои ги правите за вашите најблиски и соработници.
Доколку сакате да бидете дел од нашите соработници или клиенти стоиме на располагање за секаков вид информации:
Телефонски број за контакт: 076 405 175
Instagram - @smidgin.mk
Facebook – Smidgin
Linked In – Smidgin
Web page: https://www.smidgin.mk/