Прва победа: Секси Елена Ристеска тверка со задникот подобро и од Џеј Ло
- Детали
- понеделник, 10 ноември 2014
За тоа колку добро се снаоѓа во имитациите на светските поп диви веќе неколку пати се докажа, имитирајќи ги Бритни Спирс и Кристина Агилера, а овојпат и Џенифер Лопез.
Во тотално секси издание со минијатурно шарено трико, мрежести хулахопки, високи потпетици и бујна собрана коса во висок кок изгледаше речиси исто како Џеј Ло.
Со движењата на задникот, кој е заштитен знак на латино дивата, Елена покажа како може да ги искористи своите адути и да приреди вистинско уживање на сцената.
Жирито само со позитивни и малку провокативни коментари го пофалија нејзиното тверкање кое бараа уште неколку пати да го повтори.
Гласовите си го покажаа своето, од жирито ја доби и првата 12-ка, а овојпат и повеќето од останатите натпреварувачи одлучија своите 5 поени да ги доделат на „македонското девојче“.
Ова е прва победа за Елена во шоуто „Твоето лице звучи познато“ и наградата од 1000 евра одлучи да ги донира во домот за деца без родители „11-ти Октомври“.
Во следната емисија го доби долгоочекуваниот предизвик, да биде маж и ќе го имитира Харис Џиновиќ.
До следната епизода, уживајте во сексапилното тверкање на Елена: