Златна Бубамара на популарноста 19-то, тик-так, тик-так издание: Да се собереме пред да нè соберат!
- Детали
- четврток, 21 јануари 2016
Тик – так , Тик – так , ја најувуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава - “ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“ во специјалното 19-то издание под мотото:
ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ! во Metro POLICE - Арена
Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и Екс Југословенските простори.
Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.
Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“.
Режисерот и организаторот на оваа култна манифестација Ранко Петровиќ како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високо интелигентна сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за најголемите македонски и балкански уметници.
Датумот сè уште не е прецизиран, првиот можен весел датум за оддржување е 18-ти февруари оваа година.
Ако сакате да се насмеете и кога не ви е до смеење, бидете со нас и во ова специјално издание.