Внуката на Драган Спасов - Дац наполни 1 година: Роденденска забава со мечиња за Гаиа
- Детали
- недела, 03 март 2024
Со тематска забава и многу гости, синот на Дац, актерот Јаков Спасов и сопругата Софија, направија роденденска забава за ќерката Гаиа.
Внуката на Драган Спасов - Дац, Гаиа, славеше прв роденден.
Таа е ќерка на синот на Дац, актерот Јаков Спасов и неговата сопруга Софија.
За роденденот на Гаиа, тие направија забава во игротека на отворено, во близина на Градски парк.
Децата, но и возрасните, ги анимираше голема мечка, слична на онаа од „Маша и медо“.
Токму тоа и беше темата на забавата, па и на тортата имаше мечиња, но и играчки мечиња украсени со бонбони.
„На журка кај Гаиа...“, напиша Дац.
Тој на Фејсбук објави неколку фотографии од роденденската забава на својата прва внука.
„Поубав роденден до сега не сум почувствувала“, „Режија во стил на деде Дац. Прекрасен роденден. Децата воодушевени, но, и возрасните“, пишува во коментарите.
Дац често споделува фотки и видеа од најмалиот член на нивното семејство, па покажува како се забавува со Гаиа, но и колку ја сака внуката.
А. Ј. | Црнобело