Официјално промовиран проектот за интероперабилност за зголемување на квалитетот на административните услуги

Вчера во просториите на ЕУ инфо центарот официјално беше промовиран проектот „Испорака на опрема за платформата за интероперабилност во Министерството за информатичко општество и администрација” Овој проект кој е финансиран од Европската Унија ќе му обезбеди советодавна поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), кое што е одговорно за управување со јавната администрација и за координирање на нејзините реформи.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-1.jpg

Имплементацијата е реализирана од конзорциум на неколку компании, меѓу кои Македонски Телеком како лидер на конзорциумот одговорен за испорака и ставање во функција на системот за интероперабилност во соработка со партнерите Виста Груп и Нехтсенс.

Интероперабилност е еден од најважните проекти, дел од реформата во јавната администрација, со чија имплементација ќе се овозможи подобрување на административните услуги кон граѓаните и компаниите и ќе се придонесе за забрзување на процесот на имплементација на нови електронски услуги како и за развивање на понатамошни алатки за е-општество.. Европската Унија  го финансира овој проект со 1.460.000 евра, а во него се бидат опфатени 15 различни институции: Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за внатрешни работи, Централен регистар на РМ, Агенција за вработување на РМ, Фонд за здравствено осигурување на РМ, Управа за водење матични книги, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Основен суд Скопје 2, Министерство за надворешни работи, Основен суд Скопје 1, Државен завод за статистика, Македонска Академска Истражувачка Мрежа, Царинска управа на РМ, Државна изборна комисија

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-2.jpg

“Ни претставува особена чест што „Македонски Телеком“ заедно со партнерите „Виста“ и „Некстсенс“ како конзорциум ја добија довербата на ЕУ што зборува дека ние сме партнер од доверба и можеме да испорачаме и  реализираме проекти кои целосно ќе го сменат и поедностават начинот на работење. Овој проект ги постави основите на е-општеството како , како ситемска магистралата за поврзување и допринесува воза забрзување на процесот на имплементацја на нови електронски услуги на владините институции. Покрај приклучените 15 иснтитуции и повеќе од 60 развиени сервиси помеѓу институциите, на системот испорачан од Телеком со партнерите Виста и Некстсенс,  може дополнително, а едноставно да се приклучат и други институции, односно имплементираат на едноставен начин дополнителни сервиси. Очекуваме да ја поедноставиме употребата на услуги и информации наменети за граѓаните и бизнисите преку примена на трансформативните технологии почнувајќи од интернет мобилна комуникација, па се до социјалната мрежа и работењето во облак“, изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, директор на Секторот за дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги на Македонски Телеком.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-3.jpg

Преку проектот се обезбеди испорака на хардверска инфраструктура и сервиси кои претставуваат основа за поврзување на сите постоечки и идни процеси, системи и информации во јавната администрација во Република Македонија. Тој претставува сериозен придонес кон понатамошното подобрување на квалитетот на административните услуги за граѓаните и за бизнисите, како и кон развивањето на алатки за е-влада.

oficijalno-promoviran-proektot-za-interoperabilnost-za-zgolemuvanje-na-kvalitetot-na-administrativnite-uslugi-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Што носат правилата на ЦЕФТА за електронска трговија за економијата и граѓаните Во светот на дигитализацијата, интернет трговијата доживеа просперитет. Само нек...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Даниел Кајмакоски со сопругата и синот во Охрид, две години откако оттаму откри дека е во врска со М... Даниел и Марина токму од Охрид првпат открија дека се во врска, и тоа во 2022 го...
Адам Лабунски стана татко два месеца откако ја запроси бремената девојка Пејачот го прослави раѓањето на ќерката во свој стил, па во локал каде што се со...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg