Формиран Кластер за туризам на Тиквешкиот регион

На 11 декември 2015, организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO) во Тиквешијата организираше настан за промоција на кластерот за туризам на Тиквешкиот регион.

formiran-klaster-za-turizam-na-tikveskiot-region-3.jpg

Иницијативата на овој неодамна основан кластер е на институции од приватниот сектор во Тиквешијата кои ја препознаа потребата од зеднички напори за развој на локалниот туризам, кој е недоволно искористен што го потврдуваат и информациите од Заводот за статистика на РМ според кои во Тиквешкиот регион се регистрирани само 2,4% туристи од вкупниот број кои дошле во земјава.

Овој регион првенствено познат по своето производство на вино, се истакнува и со одлична гастрономија, велосипедски тури, езерски патеки и планинарење, стари занаети и музеи, манастири и сместувачки капацитети, многубројни можности кои се недоволно познати и искористени.

formiran-klaster-za-turizam-na-tikveskiot-region-2.jpg

Иницијативата за кластерот е поддржана од проектот насловен како “Промовирање на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” развиен и имплементиран од УНИДО во соработка со Министерството за економија на Република Македонија, а финансиран од Република Словенија. Кластерот има цел да креира возбудливи туристички производи по кои ќе биде препознатлив регионот, искористување на сопствените капацитети и благосостојба за граѓаните преку развој на туризмот.

Следејќи ги најдобрите практики од Македонија и Словенија од две последователни студиски патувања, седум “шампиони” од Тиквешијата станаа основачки членови на кластерот за туризам на Тиквешкиот регион: општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија, винаријата Тиквеш и Тиквешкиот вински туризам, винаријата Стоби, винаријата Попова Кула и ЦЕНЕТ.

formiran-klaster-za-turizam-na-tikveskiot-region-6.jpg

Официјално основан во 2015 година, кластерот ќе започне со имплементација на стратешкиот план во 2016 година, а своето официјално основање го прослави во винаријата Стоби заедно со останатите кластери во Македонија, владини претставници, донаторски организации и други заинтересирани страни. На промоцијата беше истакнато дека Македонија според приходите од туризам кои во просек изнесуваат 5,4 % од БДП, заостанува зад останатите земји од регионот, што наметнува потреба од нови ефективни иницијативи, какви што се токму кластерите.

formiran-klaster-za-turizam-na-tikveskiot-region-7.jpg

Последниве години голем број на земји реализираа успешни регионални соработки преку промоција на туристички кластери, имплементирајќи успешни јавни и приватни иницијативи чија цел е поттикнување на соработка, иновации и поврзување на туризмот со продуктивните индустрии.

Кластерите се динамични економски системи кои се стекнаа со зголемена важност во економските дебати за економски развој последниве години. Владите во светот ги сметаат кластерите како потенцијални двигатели на развојот на компаниите и иновациите. Им помагаат на компаниите да ги надминат своите индивидуални капацитети, организирајќи се во динамични производни мрежи, развивајќи стратешки релации со останатите компании и институции, подобрувајќи ги конкурентските способности базирани на економија на обем, иновации и знаење.

formiran-klaster-za-turizam-na-tikveskiot-region-4.jpg

УНИДО е специјализирана агенција на Обединетите Нации која промовира индустриски развој, намалување на сиромаштијата, инклузивна глобализација и одржливост на животната средина. Мандатот на организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) е да промовира и овозможи забрзан, инклузивен индустриски развој во земјите во развој и економии во транзиција. Повеќе инфо на: http://www.unido.org/clusters/

Би можело да ве интересира:

Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...
Раперот Таско ги објави првите фотки од новородената ќерка: „Добредојде Кирјана“ „Нека ова патување биде исполнето со насмевки, здравје и благослови за сите нас“...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Се слави празникот „Мала Богородица“ – Во Скопје донесена чудотворна икона од Хиландар Во Скопје ќе биде донесена света чудотворна икона од Хиландар, а во храмовите ќе...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg