Реновирани Телеком продавниците во Прилеп и Струга

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

renoviran-telekom-prodavnicite-vo-prilep-i-struga-01.jpg

Од средината на летото, па се досега реновирани се 16 Телеком продавници.

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Прилеп, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците. Со реновирањето, Телеком продавницата во Прилеп доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

Освен во Прилеп, утре со почеток во 11 часот Македонски Телеком ќе ја отвори и реновираната продавница во Струга. Реновираните Телеком продавници во Прилеп и Струга овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на компанијата.

На денот на отворањето на реновираните продавници во Прилеп и Струга, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда, при што секој корисник којшто ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Самсунг и Тесла со попуст од неверојатни 60 отсто.

Со утрешното отворање на продавницата во Струга, Македонски Телеком го заокружува процесот на реновирање на салоните ширум државата којшто започна кон средината на летото. Од јули па се досега, реновирани се вкупно 16 продавници и со преуредувањето, освен што естетски се обезбедува нов изглед, интерактивниот концепт на Телеком продажните салони дополнително овозможуваат единствено корисничко искуство.

Би можело да ве интересира:

Водителката Елена Стојановска на 43 години си го исполни сонот: почна да учи балет, настапи во претс... „Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претстават...
Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Браво! Барбара Поповиќ со импресивен настап во финалето на IDJ Show заврши на второто место (видео) Нашата Барбара Поповиќ повторно издоминира на сцената на IDJ Show, но не успеа д...
Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...
Калиопи за пријателскиот однос со бившите сопрузи: „Веројатно сум ги избрала вистинските мажи“ „Најубавата слика што мене ми се случи во животот е во еден момент кога ги видов...
Игор Џамбазов позитивен пример за грижата за животните: Jа нахрани кучката Ферхунде „Појадок за Ферхунде“ – Игор Џамбазов објави видео во кое ја покажа својата нова...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg