CRNOBELO.com со признание за STUBRAND за 2015 година
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2015
STUBRAND Macedonia го реализираше првото официјално меѓународно истражување во Република Македонија со цел да се измери перцепцијата или имиџот на брендот кај македонските студенти.
Оваа година, 342 студенти гласаа за 291 бренд поделени во 19 категории производи/услуги.
Брендот CRNOBELO.com има позитивен имиџ од 74%, односно голем степен на емотивна приврзаност кон брендот во категоријата Медиуми и телевизиски провајдери со што студентите и официјално му го доделија признанието за STUBRAND за 2015 година.
Уникатноста на STUBRAND методологијата произлегува пред сè од видот на Ликертовата скала која е употребена за мерење на ставовите на студентите, при што од нив се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат, првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд.
Имено, одлуката за изборот на тн. “D-T (Delighted-Terrible) скала” или во конкретниот случај “L-H (Love-Hate) скала” е направена бидејќи е најсоодветна за мерење на интензитетот на чувствата/емоциите на клиентите, те. за степенот на нивна емотивна приврзаност кон брендот.
Редакцијата на CRNOBELO.com се заблагодарува на сите студенти кои учествуваа во истражувањето и ја искажаа нивната доверба. Истовремено, испраќаме порака до сите дека ова значајно признание нема да не направи комфорни и дека ние не застануваме тука. Истото ќе претставува мотив плус да продолжиме и понатаму да го правиме CRNOBELO.com централно место за забава, каде што ќе Ви бидат достапни најразновидни содржини кои квалитетно ќе го исполнуваат Вашето време поминато на Интернет.