Пакомак со награда за најдобра општествено одговорна практика за 2014 година

Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија свечено ги додели националните награди за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија спроведени во 2014 година.

pakomak-so-nagrada-za-najdobra-opstestveno-odgovorna-praktika-za-2014-godina-01.jpg

За наградите конкурираа 34 претпријатија со вкупно 50 проекти, од кои 10 мали и средни со 13 проекти и 24 големи со 37 проекти, во различни категории на општествената одговорност.

Во категоријата „Заштита на животната средина“ во мали и средни претпријатија втора година по ред наградата ја доби Пакомак овојпат за проектот  за „3Д екобус“ - 3Д инерактивна обука за ученици и наставен кадар.

„Нé радува оваа награда и потврдата дека нашите практики се идентификувани и препознаени како корисни за општеството и заедницата. Со овој проект само во 2014 година беа опфатени 10.400 ученици и презадоволни сме од импактот што го имавме, од знаењето што го посадивме, а особено нé радуваат никулците и резултатите што перспективно следат: Еколошки едуцираните генерации, ќе продуцираат еколошки едуцирани генерации. Заради одличната прифатеност продолжуваме со истиот и во 2015 година, во Скопје и низ целата наша држава со цел да опфатиме што е можно поголем број деца.“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак на доделувањето на наградите.

pakomak-so-nagrada-za-najdobra-opstestveno-odgovorna-praktika-za-2014-godina-02.jpg

Како компанија која има за цел да ја подигне општата еколошка свест, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, целта на Пакомак со овој проект  беше да го поврзе целиот ланец за успешно собирање на отпадот, од кој сите имаат  придобивка и преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и да изградат личен позитивен однос кон поединечното собирање на отпадоците, како и да им помогне да формираат навики за секојдневно одговорно однесување кон околината.

Би можело да ве интересира:

„Научете ги децата дека не треба да му се смеат на детето кое носи исти чевли секој ден“ - Наставник... „Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека на училиште оди за ...
Снежна тура низ Македонија: Крушево, Водно, Попова Шапка обвиени со снег Кои македонски места викендов беа обвиени во снежна покривка? Погледнете ги фото...
Елена Најдоски во смел фустан во ноќен клуб во Калитеа, позира заљубено со сопругот „Грчка вечер со најдобриот Константинос Аргирос“, напиша Елена Најдоски, која со...
„Горд сум што сум твој татко“ – Четвртата ќерка на Пере Нокаут наполни 1 година „Среќен прв роденден на мојата прекрасна четврта ќерка, ти си татина јаготка“ – ...
Фризерот Александар од Струмица за дечињата кои донираат коса: „Имаме над 40 донации, сами изразуваа... „Неверојатно е да се види колку луѓе се подготвени да придонесат за оваа идеја –...
Александра Шијакоска го прослави Курбан Бајрам со семејството Во домашна атмосфера, со родителите и дедовците, Александра Весели Шијакоска и н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg