Снежна тура низ Македонија: Крушево, Водно, Попова Шапка обвиени со снег
- Детали
- понеделник, 27 ноември 2023
Кои македонски места викендов беа обвиени во снежна покривка? Погледнете ги фотографиите што потсетуваат на најубавите зимски разгледници од минатото.
Викендов, голем број од повисоките места во државава беа покриени со снежна покривка. Првиот снег е голема радост, како за најмалите така и за повозрасните, а на социјалните мрежи се шират фотографии од нашите зимски туристички центри и повисоките места, кои се обвиени со снег.
Со оглед на тоа што речиси за време на целиот есенски период имавме високи температури, првиот снег изненади многумина.
Според најавите на метеоролозите, температурите и натаму ќе паѓаат, а на некои места во Западна Македонија може да се очекуваат нови врнежи од снег.
Попова шапка, Водно, Крушево... Погледнете во продолжение како изгледа нашата држава кога е обвиена во снег: