Операции за отстранување диоптрија во Систина Офталмологија
- Детали
- понеделник, 20 јули 2015
Сведоштво на 37 годишниот Иванчо Тасески сопственик на такси компанија од Охрид, кој неодамна направи операција за отстранување на диоптрија во Систина Офталмологија
Оние што носат очила, знаат какво оптеретување е тоа, особено кога ги носите со години и се неизоставен дел од вашето секојдневие. Очилата ми го олеснија животот, но ми станаа обврска и замор и на работното место, но и при управување со автомобил особено навечер, на утакмици, на плажа и кога нуркам во нашето Охридско езеро. Веќе извесно време единствена желба ми беше да се ослободам од нив.
Знаејќи дека ласерска корекција на видот се прави само еднаш, добро ги испитав сите можности и откако ги сумирав моите сознанија се одлучив за Систина Офталмологија.
Не сакав да ги трошам моите средства на скапи патувања и престој во странство со докторски тимови со кои едвај ќе комуницирам поради јазичната бариера, туку се одлучив за наш тим на доктори и здравствена установа, која има одлични препораки и голем број успешни операции и задоволни пациенти зад себе.
Никогаш нема да го заборавам чувството кога после интервенцијата погледнав во часовникот и после долги години - навистина гледав! На сите кои се незадоволни со своите очила или леќи и сакаат поквалитетен живот, им препорачувам да не чекаат, бидејќи со безбедна, современа и безболна метода ќе си го вратат видот.
Добриот вид носи добро општо здравје, а здравјето овозможува поквалитетен живот не само за вас, туку и за целото ваше семејство.