Млекара Здравје Радово со нов производ - Сутлијаш!
- Детали
- четврток, 26 март 2015
Богатата палета на висококвалитетни млечни производи изработени од внимателно одбрано и прецизно селектирано 100% македонско млеко, на Млекара Здравје Радово деновиве е збогатена со нов производ - млечен десерт Сутлијаш.
Новиот производ е подготвен по стар проверен и традиционален рецепт, но со нова, модерна технологија која на сутлијашот му дава оригинален вкус. Традицијата на домашна подготовка на овој стар рецепт, сега е надополнет со модерна технологија, но и секогаш свежо млеко кое се користи само при подготовка на овој производ.
Технологијата на подготовка на сутлијашот овозможува зачувување на сите хранливи состојки кои ги има само свежото млеко во комбинација со домашен ориз. Во подготовката на сутлијашот се запазени сите стандарди пропишани со регулативите на ЕУ.
Сутлијашот до корисниците доаѓа во атрактивно пакување од 150 грама, кое ја задржува свежината, вкусот и хранливата вредност на состојките.
Покрај како десерт, Млекара Здравје Радово, новиот производ Сутлијаш го препорачува и како оброк за сите оние кои внимаваат на својата здрава исхрана, особено за најмладите на кои им е најпотребен внесот на калциум од млечните производи како и јаглехидратите и корисните протеини кои ги има оризот.
За време на промоцијата на новиот производ, Млекара Здравје Радово најавува низа промоции на истиот и специјални достапни цени за негова промоција