Еден ден посветен на семејството
- Детали
- четврток, 04 декември 2014
Семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол Мол за својот прв роденден одлучи пријатно да изненади едно семејство со неверојатно доживување подарувајќи им бесплатно уживање во сите содржини.
Со својот пријатен и несекојдневен трговски амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана инстант хит и за најделикатните потрошувачи, обезбедувајќи им го сиот конфор и луксуз на шопингот. Со интегрирање на сите разбирливи потреби на граѓаните под еден покрив, Капитол Мол ја потенцира разновидноста на понудата, но и својата обврска кон потрошувачите да им обезбеди ништо помалку од најдоброто.
Семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол Мол за својот прв роденден одлучи пријатно да ги изненади своите лојални потрошувачи, избирајќи едно семејство на кое ќе му приреди неверојатно доживување во шопинг центарот, подарувајќи им еден ден бесплатно уживање во сите содржини.
„Во овој хектичен, брз живот, притиснат од многу предизвици, младите луѓе копнеат по квалитетно време поминато со своите најмили. За ова семејство, инаку наши лојални потрошувачи уште од првиот ден, сакавме да креираме незаборавни мигови кои пред се ќе си ги посветат еден на друг“ - изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.
Семејството Попови беа дочекани во Капитол Мол на првото утринско кафе, по што следеше појадок и топли пецива. Додека мама Наташа уживаше вежбајќи во фитнес центарот „Капитол фитнес и кросфит“, тато Диме со Мила и Марко се забавуваше во кугланата „4Боулинг“. Ручекот беше време да уживаат во гурманските специјалитети на ресторанот „Ѕвезден Океан“ и да си раскажат за своите доживувања, а забавата продолжи во игротеката „Кидс парк“ каде децата уживаа во реквизитите за игра и забава. Додека нивниот автомобил беше подготвен и чист во „Капитол карвош“, Попови ги обиколија своите омилени брендови и го направија последниот шопинг во Рамстор супермаркетот.
„Каков убав ден и уникатен подарок. За нас ова е револуционерен потег на еден трговски центар да ги награди своите лојални потрошувачи со ваков потег кој пријатно нè изненади сите. Сите сме пресреќни и презадоволни, а особено децата, кои веќе неколку дена на сите им раскажуваат за ова наше несекојдневно доживување. Семејството за мене и мојот сопруг не е само една од важните работи во животот. Семејството е сè. Затоа му благодарам на менаџменотот и на сите вработени во Капитол Мол што токму нас нè одбраа како најлојани потрошувачи и од сè срце им го честитаме роденденот“ - изјави Наташа Попова, наградена за лојаност во Капитол Мол.
Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите лојални потрошувачи и да ги ослушнува нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.