Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали живееме како што размислуваме?

Основниот закон на природата е дека сé е поврзано со сé останато.

dali-ziveeme-kako-sto-razmisluvame-01.jpg

Веројатно највидлив пример на последици од нашиот однос кон природата е она што се случува секој пат кога се обидуваме да ги менуваме природните закономерности на едно место, кога не ги почитуваме наложените мерки за заштита на животната средина, кога имаме недостаток на љубов кон природата и чувство на долг кон неа?!?

А токму недостаток на љубов кон себе, кон природата, постои кога ѓубрето во зградата се остава во кутиите наменети за флаери најчесто поставени под сандачињата, во влезот на зградата. Недостаток на грижа кон околината постои кога се фрла ѓубре по патеките на планината Водно, а демек сме тргнале на рекреација на чист воздух и во природа. Навистина не разбирам која е поентата на Водно да се патува со автомобил? Освен ако не сме во можност да се искачиме до средно Водно. Имам чуство дека голем дел од лугето имаат двоен аршин, сакаат дома да им е чисто, а надвор фрлаат отпадоци каде ќе стигнат не размислувајќи дека и тоа е нивен дом и дом на нивните деца. Скопје е се позагадено, понечисто, а тоа станува неподносливо. А за тоа сите ние имаме одговорност, секој треба да се грижи за својот дом. Можеби е време да промениме некои навики!

Сите сме одговорни за она како живееме, бидејќи оставаме  хартија и отпадоци на кои им се потребни 6 месеци да се разградат, догорчиња од цигари  кои 5 години ќе ни ги красат тревниците, пластични кеси кои ќе гнијат 30 години по парковите,  гуми за џвакање на кои 25 години ќе ни се лепат чевлите, лименки што ќе бледеат на сонцето и до 400 години.

Амбалажниот отпад ја загадува почвата, отровите ги загадуваат подземните води, што влијае на квалитетот на водата која ја пиеме, а со загадена почва ниту пак да имаме здрав и еколошки зеленчук и овошје. Процесот на загадување можеби не е видлив, но е многу ефикасен, влијае на храната, па преку тоа и на нашето здравје. Не случајно што толку многу болести се појавуваат....

Живееме во опкружување во кое повеќето го занемаруваат фактот дека здравата и незагадена животна средина е еден од најважните предуслови за здравје и со своето неразумно и неодговорно однесување стануваат главен извор на загадување, трајно уништување, валкање и нагрдување на местото во кое живеемр.  

Не се работи за тоа како размислуваме, туку како живееме, вели Лоасје, а ние живееме многу несовесно. Нашата општина е рефлексија на нивото на култура на нејзините жители, на децата кои ја фрлаат амбалажата од чоколада на детските игралишта, на кесите од смет кои не успеале да стигнат до најблискиот контејнер,  на разрушените објекти што се претвориле во диви депонии, на калта на која веќе сме навикнати да си ја носиме на чевлите.

Повеќето од нас се потпираат на ангажманот на институциите и фирмите задолжени за комунална хигиена, за некој е доволен фактот дека редовно плаќа комунална такса, некои сметаат дека не вреди да внимаваат на околината - бидејќи и останатите не внимаваат.

Скопје е еден од најзагадените градови и  токму поради тоа се потребни промени. Неопходно е во секоја општина да се користат контејнерите за различен амбалажен отпад, особено за ПЕТ, хартија, лименки и стакло и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат, за да потоа така селектираниот отпад се однесе на рециклирање.  Кога пазаруваме, да внимаваме да купуваме производи на кои го има знакчето грин дот, кое потврдува дека производителот ги почитува еколошките стандарди и плаќа надомест. Со своето еколошко однесување да им бидеме пример на нашите деца. Бидејќи првото правило на педагогијата е дека децата учат од личен пример.

dali-ziveeme-kako-sto-razmisluvame-02.jpg

Ико Брдаровски-Пакомак

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg