Гранд при за „Соседи“ од Чешка на ИТФ „Лица без маски“

По еднонеделно уживање на интернационалниот фестивал за алтернативен театар „Лица без маски“, вчера се доделија главните награди.

grand-pri-za-sosedi-od-ceska-na-itf-lica-bez-maski-01

Претставата „Соседи“, во изведба на театарот „Континуо“, од Маловице, Чешка е добитникот на „Гранд при“ наградата за најдобра претстава во целина, на седмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ 2014, посветен на независната професионална театарска продукција.

Жири комисијата во состав: Наташа Поплавска- режисер, воедно и претседател на комисијата, Снежана Коневска-Руси, актерка и режисерка и Иванка Апостолова, претседател на ИТИ Македонија, во образложението посочуваат дека претставата „Соседи“ ја добива оваа награда заради својата специфична театарска форма, тотален театар во која умешно се вплетени, поставени и одиграни различните форми на изведувачката уметност: драма, танц, музика, пеење.

Истовремено, актерскиот тим беспрекорно точно, со синхронизирана актерска игра и заедничка енергија ја пренесоа силно пораката на претставата во која препознавме повеќе театарски жанрови од гротеска, преку комедија, до трагедија.

Оваа претстава е вистински пример на квалитетна и посветена колективна игра помеѓу авторскиот и актерскиот тим, објаснува жири комисијата.

Во согласност со начелата на фестивалот, кој промовира алтернативна и експериментална естетика, жири комисијата реши и наградата за најдобра режија да ја доделат на режисерот Павел Штоурац за Чешката претстава „Соседи“, која ја плени и македонската публика.

- Режисерот Павел Штоурац преку неговата претстава, покажа дека е квалитетен мајстор во режијата, со чист режисерски пристап, особен печат на режисерски израз  и концепт кој успешно допира до публиката, се вели во образложението на претставата.

Наградата за најдобро актерско остварување, отиде во рацете на Васил Зафирчев, за уникатниот експресивен буто-танц, работен според книгата „Дневникот на хулиганот“, на Сашо Димовски.

- Актерот Васил Зафирчев остави особен печат во актерската игра, експериментирајќи и успешно донесувајќи го на сцена исклучително тешкиот театарски правец - буто танцот, појаснува жири комисијта.

Во чест на наградените и гостите на фестивалот, организаторот Независната продукција „Театар 007“, ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“, со што и официјално беше завршено успешното седмо издание на ИТФ „Лица без маски“.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Кучето-херој од пожарот во Расадник се врати дома и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè изра... Македонска куклена претстава освои 3 награди на Интернационален фестивал, собран...
Битолчаните Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг 2024 Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола ќе бидат македонски претставници на ...
Фотки од ревиите на третата вечер на Скопски моден фестивал (2024) Смели креации, елегантни кроеви, парчиња инспирирани од пустината и Средниот Ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg