Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонски Телеком дел од европската кампања Travel & Surf на Дојче Телеком

Под мотото „Барај забава, а не Wi-Fi." Дојче Телеком ја започнува својата меѓународна кампања „Travel & Surf“ која има за цел да ги промовира Travel & Surf пакетите, кои им овозможуваат на патниците да користат мобилен интернет во странство по фиксни цени, без да се плашат од неочекувани трошоци.

makedonski-telekom-del-od-evropskata-kampanja-travel-and-surf-na-dojce-telekom-01.jpg

Корисниците кои ќе активираат Travel & Surf пакет ќе можат да користат интернет на нивните мобилни апарати било кога и било каде, без да бараат Wi-Fi локација и веднаш да ги споделат важните моменти со своите најблиски.

„ Целта ни бешеда ги убедиме патниците дека треба да уживаат и да се забавуваат на својот заслужен одмор, а да не губат време во барање на Wi-Fi . Односно дека со Travel & Surf  пакетите можат да имаат пристап до интернет седејќи на плажа, било каде, наместо да бараат Wi-Fi зони и својот одмор да го поминат во хотелска соба. Откријте го Travel & Surf – безгрижниот мобилен интернет и забавувајте се, објаснува Волфганг Кампбартолд, Потпретседател за Меѓународни маркетинг комуникации во Дојче Телеком.

Т-Мобиле Македонија на своите корисници им нуди неколку Travel & Surf пакети со различно времетраење и количина на интернет кои важат за повеќе држави во светот: Грција, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Словенија Австрија, Велика Британија, Германија, Италија, Швајцарија, Турција, Белгија, Чешка, Унгарија, Холандија, Полска, Словачка, САД, Шпанија, Франција, Израел, Ирска

Зависно од потребите постојат различни Travel & Surf пакети: 3-дневни, неделни или пак 10-дневни,  почнувајќи од 149 денари. Travel & Surf пакетите овозможуваат целосна контрола на трошоците бидејќи по истекувањето на вклучената количина на сообраќај, интернет конекцијата автоматски се прекинува до истекот на валидноста на купениот пакет. Како резултат на тоа, при сурфањето во странство не се прават несакани трошоци.

Легенда за видеото:

Протагонист на кампањата е Хозе, симпатичен снаодливко од Шпанија, кој по долги години поминати во изнајмување чамци, велосипеди и рикши, а кога се повеќе гости го прашуваат за Wi-Fi, Хозе добива револуционерна бизнис идеја: Започнува да тренира кучиња-трагачи на Wi-Fi фреквенции. На туристите им ги изнајмува кучињата на час, постигнувајќи извесен успех.  Секако, идејата на кампањата „Wi-Fi кучиња“ се базира на еден измислен бизнис модел.

Би можело да ве интересира:

Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...
Малите херои Вукашин и Ана заѕвонеа на ѕвончето во Детската клиника во Скопје - се изборија лавовски... „Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест...
Ми стигна првата нарачка од TEMU, ја чекав до Скопје 3 недели - Што очекував, а што добив? „Нестрплива да ја добијам нарачката се јавив во курир службата кај нас, а таму п...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...
Младенци донираа пакети школски прибор во Црвен крст, собрани од гостите на нивната свадба Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg