Малите херои Вукашин и Ана заѕвонеа на ѕвончето во Детската клиника во Скопје - се изборија лавовски со ракот

„Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет“, порача Бранка Столиќ, мајката на малиот херој Вукашин.

vukashin-i-ana-se-izborija-lavovski-so-rakot-zadzvonea-na-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-vo-skopje-i-dobija-paketchinja-01.jpg

На Фејсбук профилот на Бранка Столиќ осамнаа прекрасни видеа и фотографии направени вчера (25.12) на Детската клиника во Скопје.

vukashin-i-ana-se-izborija-lavovski-so-rakot-zadzvonea-na-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-vo-skopje-i-dobija-paketchinja-09.jpg

Нејзиниот син Вукашин и неговата другарка од болница Ана, заѕвонија на ѕвончето во клиниката, откако успешно се изборија со ракот.

vukashin-i-ana-se-izborija-lavovski-so-rakot-zadzvonea-na-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-vo-skopje-i-dobija-paketchinja-02.jpg

Бранка на Фејсбук напиша:

„Господе, слава ти!

Ова за нас е ГОЛЕМ ден, на Детската клиника ѕвоното ѕвонеше два пати најсилно. Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски, го пребродија цел период храбро и достоинствено.

Благодарност до целиот медицински персонал на Одделението за онкологија и хематологија, луѓе со големо срце.

Благодарност и до нашите најблиски, роднини, сите пријатели, колеги... Вашата молитва и поддршка ни беше многу значајна. Бура од емоции, солзи, насмеани лица, најголем аплауз...

Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет.

Денес ние излеговме победници и го огреавме сонцето.

Уште еднаш Господе слава ти“.

vukashin-i-ana-se-izborija-lavovski-so-rakot-zadzvonea-na-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-vo-skopje-i-dobija-paketchinja-03.jpg

vukashin-i-ana-se-izborija-lavovski-so-rakot-zadzvonea-na-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-vo-skopje-i-dobija-paketchinja-05.jpg

Видеата погледнете ги ТУКА.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Снежана Лупевска ужива на божиќен базар во Солун со синот Микаил (8) Џиновски Дедо Мраз, многу сијалички и празнична атмосфера, Снежана Лупевска ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg