Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


NISSAN - официјален превозник на ЖРК Вардар и РК Вардар

По успешната соработка во сезоната 2013/2014 помеѓу РК Вардар и NISSAN, Аутомотив Груп и Вардар се договорија да го продолжат договорот и за следната сезона како и да ја прошират својата соработка со третопласираниот тим на последниот Final Four во женски ракомет, ЖРК Вардар.

nissan-oficijalen-prevoznik-na-zrk-vardar-i-rk-vardar-01.jpg

„Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува Европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е NISSAN одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси”.– изјави директорот на РК Вардар, Давор Стојаноски.

“Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го пратат и поддржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и се што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања,нови амбиции. Токму таа енергија ја има NISSAN на светскиот пазар. Тоа е бренд кој ги создава трендовите, бренд кој освојува, иновација која возбудува. NISSAN е Азискиот број еден во Европа и неговото место е помеѓу најуспешните. Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработката со амбициозни и успешни клубови како РК Вардар и ЖРК Вардар“. – изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност на Аутомотив Груп.

nissan-oficijalen-prevoznik-na-zrk-vardar-i-rk-vardar-02.jpg

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена. Аутомотив Груп се одлучи да влезе во Македонскиот клубски ракомет согласно стратегијата на NISSAN да поддржува спортови важни за пазарите каде освојува.

На Европско ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, NISSAN e официјален превозник на најважното натпреварување - Лигата на шампионите на УЕФА во наредните четири години.

Би можело да ве интересира:

Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg