Летна балетска школа за деца во организација на “Eуролинк осигурување”

Компанијата “Eуролинк осигурување” распишува конкурс за учество на летна балетска школа, за деца на возраст од  9 до 11 години, наменета за најмладите кои сакаат да го поминат летото исполнето со танц, забава и дружење.

letna-baletska-skola-za-deca-vo-organizacija-na-eurolink-osiguruvanje

Школата е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк-Вашата врска со вистинските вредности“, во која избраните учесници бесплатно ќе имаат можност три седмици во текот на летотo да изучуваат класичен балет.

Целта на школата е да ги поттикне најмладите да го поминат дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање, која го оформува телото, развива дисциплина и е основа за понатамошно здравје и убавина. Долгорочната цел е што повеќе деца да добијат шанса да ги откријат своите потенцијали и да добијат можност за нивно развивање во иднина.

Школата ќе биде реализирана во музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ вo Скопје, од 25 јуни до 16 јули, под водство на познатиот професор по класичен балет, Горан Божинов, кој е вооедно e и уметнички директор на Балетот, при Македонската Опера и Балет.

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата преку испраќање на фотографија од своето дете и информација за неговата тежна и висина, на електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавувањето почнува денеска - 15 јуни (недела) и ќе трае до 20 јуни (петок).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен балетски тим кој ќе избере 25 деца кои ќе имаат можност три пати неделно да ја посетуваат школата.

Часовите во рамките на летната балетска школа се дизајнсирани да ги воведат децата во основите на класичниот балет и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети. Сите деца кои успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.

За повеќе информации: www.facebook.com/eurolinkmk

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg