Започнуваат еко-арт деновите за почиста околина

Пакомак заедно со здружението на граѓани Центар за креативен развој - ЦКР, Зоолошката Градина - Скопје, Град Скопје, Универзалната Сала од Скопје, како и директорите, професорите и учениците од скопските средни училишта, Македонија Експорт и други. најавуваат низа на настани под насловот „Најдобрите за чиста околина“ .

zapocnuvaat-eko-art-denovite-za-pocista-okolina-01

Еко проектната иницијатива започнува со два забавни настани и тоа на 24 мај, 100 ученици кои со себе ќе донесат 10 употребени пластични шишиња ќе добијат бесплатен влез во Зоо градина, каде од 12 часот ќе се организира„ Еко пикник“. Додека на 26 и 27 мај за 3 употребени пластичниични шишиња сите заинтересирани ученици ќе можат да добијат по една влезница за „Арт& Театар за чиста околина“.

Општата цел на проектот е квалитативна промена на свеста на скопските млади, најмлади и нивните блиски преку конкретни креативни ангажмани, подигнување на свеста за екологијата и животната средина и воопшто квалитативно менување на подобро, на генералниот систем на вредности кај младите.

Поимот рециклажа на младите во еко иницијативата НАЈДОБРИТЕ за чиста околина - 2014 им дава слобода на младите преку културата и уметноста - дизајн, театар, музика, филм, фотографија, цртежи и слики, мода и танц да ја допрат екологијата и животната средина и поддржат акцијата на ПАКОМАК за еко-свесност и собирање на искористената пластика. На овој начин се иницира првиот чекор кон рециклажата и повторното препородување на веќе употребената пластика.

Еко проектната иницијатива започнува со Најдобрите за чиста околина - Еко пикник/ ЗОО градина Скопје - мај 24 и Арт & Театар за чиста околина / Универзална сала - Скопје - мај  26 & 27 - 2014г, а следните месеци истата иницијатива  ќе продолжи плански да се организира, развива и презентира пред граѓаните на градот Скопје на различни креативни и оригинални начини.

zapocnuvaat-eko-art-denovite-za-pocista-okolina-02

Програмата е следнава:

Кратко воведно обраќање и мини-обука на ЗОО еко-тимот на волонтери-средношколци МАЛИАНИМАЛИ – ЕКО-ПАТРОЛА од страна на организаторите и распределба на задолженија.

1. Целодневно полнење на Пакомак контејнерот за пластика со електронски четирицифрен бројач во ЗОО Градината од страна на посетителите - граѓаните на градот / основците, средношколците и студентите / еко - НВО-а заинтересирани за иницијативата, фирми,...се со цел облагородување, оплеменување и збогатување на живеалиштата на мајмуните во ЗОО Градината.

2. Изработка на цртежи / акварели / слики и средношколски фотографии поврзани со екологијата, рециклажата и зачувувањето на животната средина.

3. Забавна и културно уметничка музичка програма на младите основци и средношколци на две  сцени – детска сцена (мала сцена / влез во ЗОО) и младинска сцена (голема сцена / Ботаничка градина) сцена, како и целодневен забавен пикник во ЗОО Градината, на 24 мај, 2014година, со почеток во 12 часот.

  • детски настапи - хорови и солисти
  • средношколски бендови
  • солисти
  • средношколски танчари
  • станд-уп млади комичари
  • модна ревија / фото-сесија
  • музички настап на популарни млади диџеи

4. Фотосесија на средношколци од средношколци – за реализација на средношколски еко - моден календар

5. Изготвување на фото-документација и видео запис за настанот од страна на средношколските еко активисти (интервјуа со организаторите, посетителите и активистите)

6. Претставување на средношколските и невладини  еко иницијативи во  Едукативниот Центар на ЗОО Скопје  локации низ градината, како и на Главната и помошната сцена.

7. АУДИЦИЈА  за средношколски стрит-арт ГРАФИТИ цртачи -  сочинување на тим на цртачи, кои следниот месец на следниот ЕКО настан, би започнале со ГРАФИТИ арт-декорирање и УКРАСНО-цртање на НАЈАТРАКТИВНИТЕ ЅИДОВИ И ЅИДНИ ПОВРШИНИ ширум ЗОО градината  

8. Ревијално претставување на НАЈДОБРИТЕ средношколски театарски, мини - филмски проекти, цртежи / слики и фотографии во фоајето и на малата сцена во Универзалната Сала – Скопје на 26 и 27 мај, 2014г. со почеток во 21 часот.

9. Награда / нај-пластична плакета за школски тим  со најголема собрана и депонирана пластика во ЗОО Градината и Универзалната Сала - количина на пластични шишиња за рециклажа, наменети за облагородување живеалиштата на жителите во скопската ЗОО градина, како и сертификати / благодарници за сите учесници.

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Три предвремено родени бебиња си заминаа дома од ГАК: „Севда, Алиња и Мира се храбри девојчиња“ Севда се роди со 750 грама, Алиња со 1.100, а Мира со 1.330 грама, а трите девој...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg