Одбрани најдобрите фотографии и транспаренти од Скопскиот маратон

Нема човек во нашата држава што не знае дека овогодинешниот „Виз Ер Скопски Маратон“ беше најмасовната спортска манифестација во нашата држава која некогаш се организирала.

soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-01

Преку 6000 учесници во сите трки кои се одржаа во склоп на целосната организација и скоро исто толку луѓе кои излегоа на улиците низ Скопје да ги подарат маратонците.

Мотив плус за публиката да излезе и навива беше и објавениот конкурс за најдобра фотографија и конкурсот за најдобар транспарент кој ги поттикна нашите граѓани да ја изразат својата креативност.

Во конкурсот за најдобар навивачки транспарент се пријавија 36 автори со вкупно 48 транспаренти, а жири комисијата одбра десет финалисти од кои трето место и награда пет книги од издавачка куќа „Темплум“ во вредност од 1500 денари освои Ана Петровска.

Второто место и награда десет книги од издавачката куќа „Темплум“ во вредност од 3000 денари освои Огнен Јовановски, додека пак првото место и награда „Виз Ер“ билет освои Злата Ѓуровска Брајовиќ.

soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-1
soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-2
soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-3

Во конкурсот пак за најдобра фотографија се пријавија 75 автори со вкупно 139 фотографии. Од дванаесетте финалисти жири комисијата одлучи третото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 2000 денари да му припадне на Ѓоко Петковски.

Второто место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 3000 денари да му припадне на Томислав Георгиев, а пак првото место и наградата вредносен ваучер од „Најк“ во износ од 4000 денари да му припадне на Роберт Атанасовски.

„Виз Ер Скопски маратон“ изразува благодарност до сите креативни граѓани кои земаа учество во конкурсите и на тој начин придонесоа кон прекрасната атмосфера во градот, храбрејќи ги и поддржувајќи ги учесниците на маратонот, а воедно и до сите фотографи/фотографки кои учествуваа на конкурсот и со тоа ја збогатија фото-архивата на маратонот.

 soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-4

soopstenie-za-konkursite-na-wizz-air-skopski-maraton-5

Десетте финалисти на конкурсот за најдобар навивачки транспарент од Виз Ер Скопски маратон, добиваат сертификат за пласман во финалето. Транспарентите на десетте финалисти може да ги погледнете тука.

Фотографиите на дванаесетте финалисти може да ги погледнете на овој линк.

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Лежалка 200 денари, чаша вино 250: Какви се цените во Трпејца ова лето? На плажите може да се најде место и слободна лежалка, а и рестораните не се преп...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg