Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Започна продажбата на апартмани и изнајмување на деловен простор во статусниот комплекс Парк Резиденс

Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски стандарди за луксузно апартмантско живеење, неодамна е пуштен во употреба луксузниот комплекс Парк Резиденс.

zapocna-prodazbata-na-apartmani-i-iznajmuvanje-na-deloven-prostor-vo-statusniot-kompleks-park-rezidens-01

Љубителите на убавиот животен простор ќе имаат ретка можност да купат апартман, на локација како на ретко кое друго место, да го живеат својот сон, и да ја реализираат инвестицијата на својот живот.

Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани над 25.000.000 милиони евра домашен капитал , во изградбата се користени материјали од светските брендови како Cotto D' ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет.

“Навистина сме горди на овој објект. Парк резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на нај пребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина,  одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира пре­поз­на­тлива фа­са­да, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вгра­де­на во об­јек­тот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите”, изјави Бранкица Анѓелевска проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.

zapocna-prodazbata-na-apartmani-i-iznajmuvanje-na-deloven-prostor-vo-statusniot-kompleks-park-rezidens-02

Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат си­те највисоки европски тех­нич­ки и гра­деж­ни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија.

Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.

Изберете секојдневна радост, изберете го Парк Резиденс!

zapocna-prodazbata-na-apartmani-i-iznajmuvanje-na-deloven-prostor-vo-statusniot-kompleks-park-rezidens-03

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...
Пролетна идила во Градски парк во Скопје: Пикник на трева, прошетка со милениците (фото) Родители со деца, заљубени парови, пријатели, луѓе со своите миленици... Убавото...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg