Пуштени во продажба летните маици од брендот „Парго“ од Катарина Ивановска
- Детали
- четврток, 08 мај 2014
Македонскиот топ модел Катарина Ивановска неодамна ја најави својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“.
Дел од оваа колекција е пуштена во продажба на локации во кафе-баровите „Концепт 37“ и Ракија бар „Калдрма“ во Стара Чаршија.
Дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтересирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај.
Продажниот пулт ќе биде поставен на Плоштад „Македонија“ од четврток, 08 Мај.
Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети во „Катарина Ивановска Фондацијата“.
Фокус на фондацијата e поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства. Токму оваа група дечиња е предмет на работењето на фондацијата која има за цел да помогне директно и индиректно во решавањето на нивните проблеми.
Хуманитарно здружение ќе дава морален и материјален придонес на оваа ранлива категорија граѓани во нашата земја.