Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Роботите од RoboMac 2014 во i-bank store на Стопанска банка

Во саботата 22 март, се одржа првиот настан во i-bank store на Стопанска банка, каде студентите од ФЕИТ ги претставија роботите со кои успешно се претставија на натпреварот RoboMac 2014 и ги демонстрираа нивните функционалности.

robotite-od-robomac-2014-vo-i-bank-store-na-stopanska-banka-01

Сите посетители на првата Банка од иднината i-bank store од Стопанска банка АД – Скопје,  имаа можност за момент да навлезат во возбудливиот свет на роботиката, но истовремено и да се запознаат подобро со i-bank услугите кои Стопанска банка ги развива со најсовремената технологија достапна за банкарскиот сектор.

Присутните се запознаа со сумо - роботите кои се програмирани да го истуркаат противничкиот робот надвор од рингот, а најинтересните роботи- хуманоидите, програмирани да изведуваат комплексни движења придружени со соодветна музика во позадина, привлекоа многу љубопитни детски погледи.

Сите овие роботи се наптреваруваа на најголемиот меѓународен студентски семинар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција RoboMac 2014, кој се одржа по петти пат во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

robotite-od-robomac-2014-vo-i-bank-store-na-stopanska-banka-02

Дополнително,  сите присутни на настанот имаа прилика подетално да се информираат и за алтернативните и иновативни банкарски услуги кои ги нуди i-bank store, а пред се i-bank алтернативните канали e-banking, m-banking, телефонско и банкарство преку АТМ.

Со доближувањето на услугите од иднината до клиентите и интеракцијата на сосема друго ниво, Стопанска банка ја потврдува својата заложба да биде лидер и иноватор во банкарскиот сектор.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg