Пакомак и ПроКредит Банка во заедничка мисија за почиста животна средина!

Компанијата Пакомак и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка која ќе се одвива во неколку етапи во наредниот период.

pakomak-i-prokredit-banka-vo-zaednicka-misija-za-pocista-zivotna-sredina-01

За почеток, Пакомак преку своите соработници во секоја од 13-те експозитури на ПроКредит Банка во Скопје организираше поставување на картонски корпи за собирање на административна хартија од работењето, која понатаму ќе биде соберена и однесена на рециклирање, а се поставени и кутии за собирање на неважечките кредитни и дебитни картички, како отпад од пластика, кој понатаму може да биде искористен за рециклирање.

Со овие активности им се овозможува на вработените на банката и нејзините клиенти да дадат придонес во зачувувањето на животната средина, истовремено поттикнувајќи ги своите клиенти да користат електронско банкарство.

Покрај бројните еколошките акции од Пакомак, едукацијата во градинките и училиштата, еко-концертите, повеќе настани ширум Македонија, во декември минатата година веќе традиционално, се одржа настанот „Trash for Art 2013”, чиј партнер беше ПроКредит Банка.

„Со оваа соработка, ПроКредит Банка само ја зацврстува својата определба да биде еколошка банка, која се грижи за заштитата на животната средина и која има јасно развиена еколошка стратегија.  Сакаме да дадеме поголем придонес кон поздрава околина. Покрај зелените кредити за енергетска ефикасност за претпријатијата и граѓаните, електронското банкарство и еколошките иницијативи на нашите вработени, преку соработката со Пакомак пренесуваме уште една порака - дека само со еколошко однесување и рециклирање на отпадот, можеме да направиме еколошки чекор напред “ - Изјави Методија Миноски, координатор за енергетска ефикасност во ПроКредит Банка.

„Пакомак“ уште од почетокот на своето работење, преку различни еко-акции и настани сака да ги поттикне и мотивира граѓаните поодговорно да се однесуваат кон амбалажниот отпад кој го создаваат и да создаде навика за селективно собирање на отпадот и негово понатамошно рециклирање. Соработката со ПроКредит Банка е продолжување на ваквите заложби, преку доближувањето до секојдневните активности на граѓаните и интеракцијата со нив во филијалите на банката, се надеваме дека ќе влијаеме на подигнувањето на општата еколошка свест. Пакомак ќе продолжи со својата зелена мисија, а тоа е почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почиста животна средина, а за ова да се оствари треба сите и локално да дејствуваме!“ - изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

pakomak-i-prokredit-banka-vo-zaednicka-misija-za-pocista-zivotna-sredina-02

Би можело да ве интересира:

ПАКОМАК нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територи... Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градск...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Малата Срна (3) конечно си оди дома од болница по операцијата – мајката се заблагодари на хуманиот н... „Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте...
Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg