Даниел Кајмакоски во Еден на еден - Го глумев Супермен и си ја скршив ногата!
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
По фантастичните гостувања на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко, најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ и филмската и телевизиска легенда, Драган Бјелогрлиќ, вчера имавме шанса да уживаме во уште едно извонредно издание на шоуто Еден на Еден.
Жаре беше домаќин на ѕвездите од Икс Фактор и според многумина главни фаворити за победа, Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ!
Поради тоа што гостуваа ѕвездите од Икс Фактор, од екипата направија и супер забавна пародија на реалното шоу. Верувајте, мора да ги видите Жаре и екипата во т.н. Џ Фактор!
Во своето прво појавување во македонско ток шоу, миленикот на домашната публика зборуваше за почетоците, животот во Виена, музичките тезги меѓу кои се нашле дури и свадби, детските спомени и кршењето на ногата глумејќи го Супермен и секако, Икс Фактор и тоа што Даниел очекува да се случи.
Тамара покажа дека е исклучително шармантна девојка и освен што направи многу интересен муабет со Жаре, докажа дека е одлична пејачка изведувајќи ја What's Up заедно со бендот во Еден на Еден, познатите Пеперминт.
Погледнете ја целата епизода и не зборавајте дека за идната недела (09.03.) во 19:10 часот се подготвува уште едно врвно шоу. Во Еден на Еден гостуваат актерите од филмскиот мега хит - "Монтевидео, се гледаме"!