Жаре на ручек со Даниел Кајмакоски, Тамара и Кики (фото)
- Детали
- четврток, 20 февруари 2014
Ѕвездите од Икс Фактор - Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ и Кики Лесендриќ вчера допатуваа во Скопје за да бидат гости во шоуто Еден на Еден. Директно од скопскиот аеродром, домаќинот Жарко Димитриоски ги одведе на ручек каде можеа малку да се одморат надвор од очите на јавноста.
- Немаме воопшто време да уживаме во вакви секојдневни работи. Толку сме зафатени што единствениот слободен ден оваа недела ни е токму овој. Но, огромно задоволство ни е што сме тука и ќе се потрудиме да снимиме одлична емисија - кажа Тамара.
Фактот дека се работи за исклучително популарни лица сам по себе бил доволен и за “специјални” организациски мерки.
- Имавме ситни грижи околу транспорт, сместување, такви некои логистички работи. За среќа имаме супер подготвен тим, па без никакви проблеми го поминавме сето тоа. Минатата недела гостин ни беше Бјелогрлиќ, така што дечкиве ни влетаа во одличен момент. Сега и Обама може да дојде слободно, подготвени сме - на шега искоментира Жаре.
А доколку ве интересира што јадеа, на сметката можеа да се видат - виното и пицата на Кики, пивото и пицата на Даниел и виното и лазањите на Тамара.По ручекот, сите продолжија во студиото на Еден на Еден.
Како загревање за шоуто со ѕвездите од Икс Фактор, оваа недела (23.02.) кај Жаре ќе гледаме уште една ексклузива. Првото интервју од овој тип во Македонија на легендарниот Драган Бјелогрлиќ.