Се отвора првиот ресторан Гудис во Веро Центарот!

Овој петок официјално ќе започне со работа првиот ресторан на „Гудис“ во „Веро центарот“, со што скопјани ќе ја имаат уникатната можност први да го посетат реномираниот ресторан за брза храна и да уживаат во оригиналните и префинети вкусови од овој бренд.

se-otvora-prviot-restoran-gudis-vo-vero-centarot-01

Ова е првиот ресторан што се отвора во Скопје од ланецот на познатите грчки ресторани за брза храна, за кој франшизата ја има Веро („Веропулос“ ДООЕЛ Скопје).

„Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус. Задоволни и насмеани потрошувачи се нашиот императив и ќе се потрудиме од овде да не излезе ниту еден незадоволен потрошувач.”- изјави Костас Теодосијадис Генерален Директор на Веро .

se-otvora-prviot-restoran-gudis-vo-vero-centarot-02

Гудис ќе понуди особено интересна храна на своето мени, строга контрола на квалитетот и примена на најсофистицирани заштитни мерки. Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Од самиот старт Гудис го носи потписот на грчката оригиналност преку рецептите креирани од страсните грчки кувари , посветени на вкусот и квалитетот. Разновидност, грижа и љубовта за брендот се нивните клучни елементи за успех кои им носат 500 000 потрошувачи, секојдневно.

До денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји.

Повелете во Гудис во Веро-Центарот и овозможете им пријатно искуство на вашите сетила, веќе од 17 јануари!

se-otvora-prviot-restoran-gudis-vo-vero-centarot-03

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg