Кој ќе се натпреварува во втората сезона на Танц со ѕвездите?
- Детали
- вторник, 17 декември 2013
Точно на последниот ден од оваа година, 31. декември, како дел од новогодишната програма на МРТВ, ќе биде првата епизода на втората сезона од популарното шоу „Танц со ѕвездите“.
По успехот и популарноста кои ги постигна минатата сезона, ова шоу продолжува и годинава со своите атрактивности, изненадувања, многу, танц, музика и ѕвезди.
Она што досега се знае според продукцијата „Дрим фактори“ е дека водител повторно ќе биде шоуменот Тони Михајловски, а негова водителска партнерка ќе биде атрактивна девојка која сѐ уште ја држат во тајност.
Според една негова изјва, дури и самиот Тони не знае за која девојка точно се работи. По примерот и стандардите на светското шоу, во жирито пак ќе има 3 члена, меѓу кои двајца професионални експерти за танц и едно лице од јавниот живот кое повеќе ќе биде во улога на коментатор како глас на публиката или поблизу до обичниот гледач.
Во однос на учесниците, познати се и и ѕвездите кои ќе вежбаат со професионалните танчери. Тоа се: водителот Димитар Атанасовски, музичарот Владимир Крстевски- Франц, пејачката Сара Мејс, каратистката Наташа Илиевска, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, манекенката Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски.
Кој е вашиот фаворит?