Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стопанска банка АД – Скопје со донација за Клиниката за детски болести– апарат за ултразвучен преглед

Здравјето на децата е основен цивилизациски приоритет, со оглед на тоа што иднината и се што денес се гради останува токму за нив. Препознавајќи го овој предизвик, Детската клиника во Скопје со генерации е симбол токму на подобрување на здравјето на децата во Македонија. Во битката да се овозможи подобра и  навремена дијагностика и правилен медицински третман, Детската клиника се договори со Стопанска банка АД – Скопје за донација на апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти - новородени и доенчиња.

stopanska-banka-ad-so-donacija-za-klinikata-za-detski-bolesti-1

Во рамки на својата улога на одговорен корпоративен субјект, Стопанска банка АД – Скопје ја реализираше донацијата и апаратот 6C2P на Shenzhen Mindray Electronics е поставен и успешно се применува согласно методата за дијагноза која Проф. Д-р Филип Дума ја постави пред 15 години.

“Овој апарат служи за ултразвучен (неинвазивен и без ренгенско зрачење) преглед на мозочните структури кај новородени и доенчиња преку физиолошките отвори меѓу коските на черепот. Снимањата досега се изведуваа со постар апарат со ограничени можности. Новиот апарат кој го добивме како донација од Стопанска банка, поседува повисоки перформанси кои се во правец на користења за визуелизација на суптилни структури како и doppler проценка на крвните садови на главата и мозокот.„ Изјави Асс. М-р Др. Аспасија Софијанова, Директор на клиника за детски болести.

stopanska-banka-ad-so-donacija-za-klinikata-za-detski-bolesti-2

“Во Стопанска банка АД – Скопје ја користиме секоја прилика што ја добиваме да им излеземе во пресрет на медицински центри како Детската клиника. На тој начин со нашата скромна донација помагаме да станат достапни врвни медицински инструменти, знаења и помагала до пошироката популација и со тоа да се помогне на бројни семејства. Горди сме што нашето место во корпоративното окружување го користиме за хумани цели и со тоа го оправдуваме слоганот „на ваша страна“ кој е дел од идентитетот на Банката.„ Изјави Диомидис Николетопулос, Главен Извршен Директор, Стопанска банка АД - Скопје

Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.

Би можело да ве интересира:

Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg