Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Даз Флоу и Гоу Грин со нова песна

Дарко Иваноски ака Даз Флоу е млад хип-хоп артист од Скопје кој во моментов е актуелен со неговото најново видео за песната „Енергија“. Една од работите во кои тој е заљубен е природата. Како член на Гоу Грин, Даз ја изработи песната „Приклучи се“ која повикува на одговорно однесување кон животната средина.

daz-flou-i-gou-grin-so-nova-pesna-1

Инаку, „Гоу Грин“ е здружение кое работи на полето на младински активизам и животна средина. Најпрепознатливи се по кампањата „Гоу Клин“ за собирање на отпадни батерии и проектот „Биди Зелен“ за потикнување на еколошката свест, за која се изработи песната на Слаткаристика и Тони Зен.

Овој пат станува збор за различен концепт на песна, но со слична цел – подигање на еколошката свест, но и за регрутација на нови членови во „Гоу Грин“ која ќе започне во Септември.

Покрај Даз Флоу, во изработката на песната се вклучија и Андреј Трајковски – Тракер кој беше задолжен за музиката и аранжманот, Тихомир Јакимовски – ТуТе ги изврши миксањето и продукцијата и Кристијан Делчевски – ДЈ К 105 со своите скреч способности. За дизајнот на сликата се погрижи Роберт Мишовски.

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Каде е и што прави денес момчето што ги отпеа стиховите „Како ли јас да пораснам“ - Иван Богојoвски? Се сеќавате ли на стиховите „Како ли јас да пораснам и да речам малечка... Ти си...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Симона Попоска со трогателна објава за Андреј од ДНК: „Постојат луѓе кои оставаат трага, таков беше ... „Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат...
Maкедонец, виртуоз на виолина, свири песна од ДНК и трогнува (видео) „До сите кои сè уште се борат за живот, мислам на вас и ви посакувам сила додека...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg