City View Resort - вашиот дом со поглед на Скопје
- Детали
- вторник, 12 јуни 2012
Кога би можеле да одберете меѓу живот во централно градско подрачје или надвор од градскиот метеж, кој би бил вашиот избор? Доколку се одлучите...
...за второто, сигурни сме дека ќе ви се допадне City View Resort.
Сместен е во подножјето на Водно на идеална надморска височина од 560m и површина од 3500m2.
Чистиот воздух, погодната температурна разлика особено во летниот период 3 до 4 степени пониска од центарот на градот, планинскиот воздух без градски загадувања и магла како и уникатниот поглед на Скопје и Милениумскиот крст истовремено, се само дел од причините зошто овој ресорт може да биде вашиот дом од соништата. Обезбедени се комуникациски врски со центарот на градот по нов пристапен асфалтиран пат како и редовен јавен превоз.
На располагање се 40 трособни станови од 80 m2 и 32 двособни станови од 60 m2, со тоа што двособните станови според решението се преправаат во еден ексклузивен апартман од 120 m2. Предвиден е подземен гаражен простор, како и дополнителен паркинг простор во надворешниот дел.
Хортикултурното решение предвидува фонтани, пешачки патеки, зеленило, места за одмор и релаксација, како и придружни детски игралишта. Парцелата ќе биде заградена со ограда и рампа на самиот влез, со што вредностите на овој комплекс ќе бидат достапни само за станарите.
Во тек се промотивни цени за становите.
Повеќе информации може да најдете на www.cvr.mk или на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/cityviewresort.
-->
|