Инфлуенсерката Дани Ѓуровска: „Имав асиметрија на брадата, веројатно од лош загриз на вилицата“
- Детали
- среда, 30 април 2025
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска отворено проговори со какви несигурности околу изгледот се соочувала цел живот, но и на каков начин се ослободила од тоа сега. Таа откри дека има аплицирано ботокс на неколку регии на своето лице, а сега се одлучила да ја третира и брадата.
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска (30) отворено проговори за една своја несигурност околу изгледот која долго ја мачела и од која сега се ослободила.
Станува збор за несиметричност на брадата, за која вели дека ѝ ја рушела самодовербата, а сега одлуката да го среди тоа направила да се чувствува поубаво во своја кожа.
Таа откри дека има аплицирано ботокс на неколку регии на своето лице, а сега се одлучила да ја третира брадата.
Нејзината објава гласи:
„Веројатно немаше никој ни да знае ако не го напишев ова бидејќи ни најблиските не забележија, но, решив дека ќе ја објавам промената пред и потоа.
Станува збор за асиметрија на брадата која ја имам веројатно отсекогаш.
Причината непозната, бидејќи не е наследно, не е од физичка повреда, веројатно од лош загриз на вилицата.
Симетријата не се поправи по носењето на фиксна протеза и решив дека кога тогаш ќе се одлучам да направам промена.
Аплициравме филер со кој се пополни десната страна на брадата.
Го објавувам видеото за да се ослободам од чувството на помала самодоверба за нешто што толку „лесно“ се средува“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





