Ќерката на Тамара го прослави 9-тиот роденден - диско забава и црна торта за Хана
- Детали
- среда, 30 април 2025
Со забава во диско стил, со многу музика, другарчиња и интересна торта, ќерката на Тамара Тодевска го прослави својот 9-ти роденден.
Хана, ќерката на Тамара Тодевска, вчера (29.04) наполни 9 години.
Таа роденденот го прослави со забава во познат скопски локал, а темата на забавата беше „диско“.
За Хана и нејзините другарчиња имаше реквизити во вид на диско топки и украси во истиот стил.
Во диско стил беше и роденденската торта - црна со многу шарени украси - диско топка, ноти, ѕвездички, девојка што танцува и свеќичка со бројот 9.
Меѓу гостите на забавата беше нејзината тетка Тијана, но и Катарина Ивановска, една од најблиските другарки на Тамара.
„Среќен роденден љубови кекина, да си здрава и среќна“ - напиша Тијана на видеото што го сподели на Инстаграм Стори.
Претходно, Тамара ја изненади Хана со мала роденденска торта во кревет.
„Среќна да си лепотице моја“ - напиша Тамара.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





