Мајка од Скопје со хит статус: „Некогаш сабота вечер излегував, денес - ја чекам машината да заврши со перење“
- Детали
- вторник, 29 април 2025
„Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма... Сега, сабота навечер изгледа како трка со времето: Дали сите заспаа?, Дали имам уште сили да гледам филм до крај? Или сепак ќе заспијам и јас пред да ја дочекам машината да заврши?“, гласи статусот на Зорица Николовска, во кој ќе се пронајдат многу мајки.
Зорица Николовска, водителка на радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, е мајка на две деца, синот Мартин и ќерката Јана, кои ги има од бракот со сопругот Горан.
Таа често споделува детали од мајчинскиот живот на својот Инстаграм профил, а сега имаше една искрена објава во која ќе се пронајдат многумина.
Нејзината објава гласи:
„Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма... па кафичи, музика, другарки, приказни што траат до зори.
Долги години веќе не е така.
Сега сабота навечер изгледа како трка со времето:
Дали сите заспаа?
Дали имам уште сили да гледам филм до крај?
Или сепак ќе заспијам и јас пред да ја дочекам машината да заврши?
Ќе те излажат тие што велат дека мајчинството не менува ништо.
Сменето е сè!
Ти се менува срцето, приоритетите, навиките... дури и саботите.
И знаеш што?
Иако некогаш ми недостигаат тие безгрижни излегувања, денес имам нешто што не се менува никогаш — љубов што го полни секој агол од душава.
Некогаш живеев за саботните ноќи.
Барав среќа во разиграните рефлектори додека трае мојата омилена песна...
Денес, среќата ја наоѓам во насмевката на моето дете.
И знаете што?
Сјае посилно од било кој рефлектор“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





