Марко Новески им прослави прв роденден на децата - близнаците модно усогласени со родителите, две торти за Вања и Веда
- Детали
- понеделник, 28 април 2025
Со две торти - едната бела, а другата розова, и забава во игротека, Марко „Дај побрзај“ и неговата сопруга, го прославија 1-иот роденден на нивните близначиња.
Водителот Марко Новески и неговата сопруга, Цена, направија забава за првиот роденден на нивните деца - синот Вања и ќерката Веда.
Роденденската забава ја направија во игротека, со своите најблиски луѓе, многу дечиња и пријатели.
За Веда и Вања имаше и две торти - едната бела, а другата розова, кои беа споени со „лак“, но и два балона со бројот 1 - син и розов.
Марко и сопругата беа модно усогласени со децата - во бели блузи и фармерки.
Близнаците Марко ги доби на 44 години и тој често знае да каже дека тие се неговата најголема среќа.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





