Мартин Филиповски ужива во татковството - си игра со ќеркичката, ја држи во прегратка (фото)
- Детали
- вторник, 15 април 2025
„Љубовта наша ќе е вечна“ - напиша неодамна Мартин од „Некст тајм“ на Инстаграм, кој објави нови фотографии со ќеркичката.
Мартин Филиповски од „Некст тајм“, пред 4 месеци стана татко и вистински ужива во татковството.
Тој секој слободен миг го поминува со ќеркичката Лиана - се грижи за неа, си играат заедно, ја држи во прегратка.
На својот профил на Инстаграм, Мартин објави нови фотки со Лиана, додека покрај него е гитарата на која ѝ свири.
Мартин во изминатиов период постојано објавува фотки со ќеркичката, а следбениците не пропуштаат да му напишат дека татковството му годи и дека Лиана е прекрасно девојче.
„Љубовта наша ќе е вечна“ - напиша тој на една од фотографиите.
Тој сподели и интересни фотки направени на плажа, каде што тој седи во средината, десно од него е седната Лиана, а лево од него е нивното куче.
Фотката изгледа идилично, по малку потсетува и на сцена од цртаниот филм со Чарли Браун и Снупи.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





