Ксенија Николова со сопругот во Валенсија, Елена Реи доби огромен букет рози од саканиот: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
Aлександар Михајловски, синот на Тони, во хит видео со хеланки и со задникот во крупен кадар ги имитира женските фитнес тренери на Инстаграм, Искра Мишиќ со ќерката балерина, Aдријана Алачки во костим во путер жолта боја - хитот на сезоната, а пак Иван Јованов со сопругата на прослава.
Маја Кикириткова вели дека секое време е идеално за експериментирање со нови, здрави рецепти, Maртин од Некст Тајм ужива на одмор со семејството, а Ксенија Николова ужива во патувањето во Валенсија со сопругот.
Таа вели:
„Кога патувам, секогаш гледам да си оставам еден ден за да ја посетам природата во градот, да уживам во прошетка во парковите, да си седнам на клупа или на трева и да си ја наполнам душата со убава енергија.
Луѓето овде се толку лежерни, љубезни, насмеани, опуштени, се чувствува некој спокој, некоја леснотија.
Валенсија е градот кој според мене има сѐ, историја, иднина, култура, море, одлична храна, добар шопинг и секако, совршено време, односно одличен склоп на сите нешта што се важни за еден град да биде добар избор и за живеење, па затоа и не ме изненади тоа што случајно откривме дека Валенсија во 2024 е прогласен за еден од градовите во кој најдобро се живее, базирано на квалитетот на животот, стандардот и условите, здравствениот систем и сите опции за забава и релаксација кои градот ги нуди.
Хармонична приказна скоцкана по мерак, признавам, ми остави силен впечаток и желба да се вратам повторно“.
Ксенија Николова на патување во Валенсија со сопругот
Искра Мишиќ со ќерката Матеа, која како балерина заигра во „Лебедово езеро“
Сара Мејс и Димитар Атанасовски беа кумови на крштевка
Моделот Елена Реи доби огромен букет рози од саканиот за годишнина во врска
Aнтониа Гиговска
Елвир Мекиќ, Пајак и Иван Јованов
Maртин Филиповски од Некст Тајм на одмор со ќерката и сопругата Андреа
Иван Јованов со сопругата на прослава
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





