И Дарко Влогс се „заигра“ со AI илустрациите на Инстаграм (забавни и во аниме стил)
- Детали
- сабота, 05 април 2025
Многу наши познати личности тестираа да видат како ќе изгледаат како ликови во аниме стил. По Маја Кикириткова, и Дарко Влогс објави како си поиграл со новата алатка на ChatGPT.
Деновиве сигурно и самите забележавте дека Фејсбук и Инстаграм се преплавени со фотки во аниме стил, направени со помош на вештачка интелигенција.
Луѓето своите фотографии си ги прават како илустрација и споделуваат како би изгледале како илустрирани ликови.
Меѓу познатите личности кои го направија ова беше и Маја Кикириткова.
Всушност, новата алатка на ChatGPT им овозможува на корисниците лесно да ги претворат нивните фотографии во цртеж во аниме стил.
И, алатката навистина брзо се прослави, а достапни станаа и други алатки за уредување фотки со истиот ефект.
Но, новата алатка предизвика и контроверзии бидејќи го копира стилот на реномираниот јапонски режисер Хајао Мијазаки, кој е основач на популарното филмско студио Ghibli.
Со оваа алатка се послужи и Дарко Влогс, па направи низа фотографии од себе и својата сопруга Даниела.
Еве како изгледаат неговите фотографии:
Подетално прочитајте тука - Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





