„Многу ќе ми фалиш Сарке моја“ – Цела естрада се збогува со Сара Пројковска, жена со ангелски глас и срце планина
Владо Јаневски
„Сара, Охрид 2024. Последен концерт заедно... последен поздрав“.
Ања Ветерова
„Мајка Сара…зошто? Па, како вака? Па, не беше ова договорот. Зарем на тебе да ти ја пеам оваа песна сега?
Многу боли. Скршена сум. Однесе дел од мене и моето детство. Беше многу важна личност во мојот живот. Засекогаш мама 2. Многу ме научи. Многу веруваше во мене. Многу ме сакаше. Многу беше горда на мене и на сите мои успеси.
„Ајде дете мое пушти го тој глас. Дете мое пеј ми на фалсет. Дете мое пеј од дијафрагма...” А кога ќе те налутев викаше „Ања ајде ма!“
Многу го сакаше мојот фалсет…толку многу што и мене ме натера да си го засакам. Благодарна сум на сè што ме научи…
Заедно освоивме многу награди, снимивме многу песни, и ти никогаш не се откажа и не ме одби за било што. Секогаш беше тука.
Овој настап заедно на Скопски ни беше единствен. Ти имаше толку трема тој ден и рече: „Понатаму може само од публика да те гледам. Со тебе на сцена не”.
И кога вежбавме за настапот викаше „Леле уште од сега имам трема. Како со моето дете на иста сцена ќе пеам?”
Плачеше кога ти ја пеев на крај на секој час. И сега како?? Како понатаму? Останува јас да плачам секој пат кога ќе ја слушнам/пеам. Непребол си мој. Те сакам најмногу.
Многу ќе ми фалиш, но те носам со себе каде и да сум. До следно видување мајка.
Антониа Гиговска
„Саре моја, ретко убав вокал, ретко насмеана и убава жена. Пеевме заедно и ја делевме сцената неколкупати. Ќе фалиш. Почивај во мир“.
Златна Бубамара
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата Сара, придружен вокал на сите изданија на Златна Бубамара го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, насмеана добрица, распеана убавица, голем другар и професионалец.
Почивај во мир“
Повеќе фотографии од прекрасната Сара, кои ги споделија нашите познати личности:
Повеќе фотографии од Сара на следната страница....
Би можело да ве интересира:





