Едина Муса се врати во теретана неполн месец по породувањето: „Толку издржав“

Во кратки панталончиња и спортски градник, Едина изгледа одлично и во топ форма, и покрај тоа што се породи пред неполн месец. 

edina-musa-se-vrati-vo-teretana-nepoln-mesec-po-poroduvanjeto-tolku-izdrzhav-01_copy.jpg

Едина Муса, поранешната кошаркарка и инструктор по фитнес, се врати во теретана 25 дена по породувањето.

Таа на 19 февруари стана мајка, а денес (14.03) на Инстаграм Стори објави фотка дека повторно почнала да вежба.

„Толку издржав“, напиша Едина.

edina-musa-se-vrati-vo-teretana-nepoln-mesec-po-poroduvanjeto-tolku-izdrzhav-03.jpg

Во кратки панталончиња и спортски градник, таа изгледа одлично, како до скоро да не била бремена.

Едина тренираше скоро до последниот ден од бременоста, дури и во 40-тата недела.

Таа пред породувањето, во разговор за CRNOBELO.com рече дека вежба во консултација со своите доктори, кои ѝ препорачале да остане активна, но да вежба со помали тежини.

За потсетување, Едина на крајот на февруари го роди синот Максим, кој е прво дете на екс-кошаркарката и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски - Мачка.

edina-musa-se-vrati-vo-teretana-nepoln-mesec-po-poroduvanjeto-tolku-izdrzhav-04.jpg

Прочитајте и Едина Муса за CRNOBELO: „Александар беше повозбуден што носам син, качив 13kg во бременоста“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“ Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина.&nb...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Едина Муса со синот во рака на дружба со Ирина Камилоска - покажа како си го олеснува доењето Со практичен розов дуксер на патент, кој се отвора во пределот на градите, Едина...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Едина Муса објави прва фотографија со бебето од болница, вечерта по породувањето Едина Муса се породи вчера и уште истиот ден го овековечи овој прекрасен миг со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg