Дац и Александар денес делеа рози на улица „Македонија“: „Бидејќи за жените, секој ден треба биде 8 Март“ (фото)
- Детали
- петок, 07 март 2025
На прашањето зошто денес делат рози, а не утре на Меѓународниот ден на жената, Дац и Александар истакнаа дека за жената, секој ден треба да биде 8 Март.
Дац и Александар денес, 7-ми март, делеа рози на жените кои поминуваа на улица „Македонија“ во Скопје.
Со широка насмевка, жените кои си добија роза со задоволство го прифатија подарокот од музичарите.
На прашањето зошто денес се одлучиле за овој гест, а не утре, тие велат:
„За жената секој ден треба да биде 8 Март. Ете, баш затоа“.
Популарното дуо најави и музичка честитка за жените, која ќе биде објавена на нивните Фејсбук и Инстаграм профили во 19 часот.
„Подготвивме музичка честитка за сите девојки, мајки, баби, снајки, шурнајки. Ќе ја слушнете вечерва!“
Повеќе фотографии во продолжение:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





