Македонка снима видеа со бонтон правила за дамско однесување - Како се пие вино, каде се става чантата?
- Детали
- среда, 26 февруари 2025
„Говорот на тело зборува за тебе и без да кажеш збор. Се случува и без да си свесна. Но, штом еднаш ќе го освестиш во себе, ќе зборува во твоја корист, а не обратно“, вели новинарката Анастасија Илиевска и дава совети како да пиете вино во ресторан, но и каде да ја ставите чантата.
Анастасија Илиевска од Скопје е новинар кој држи и обуки за јавен говор, говор на тело и бонтон.
Таа на својот Инстаграм профил постојано им споделува совети на овие теми на своите 8.000 следбеници.
Ние ќе се фокусираме на темата бонтон и нејзините совети каде да ја ставите чантата кога сте во ресторан, како се пие вино, а како кафе итн.
Дел од нејзините совети (кликнете на видеата):
„Каде (не) ѝ е место на чантата?
Без разлика дали е голема или минималистичка, чантата НЕ ѝ припаѓа на трпезата. Исто рака уште помалку ѝ припаѓа, ако е дизајнерска.
Правилата на бонтон се јасни – на масата се ставаат храна и пијалаци.
Каде тогаш да ја оставите?
- На столот до вас
- Позади вас
- На посебна полица или кука (ако има)
Секако дека постои исклучок, кога сме во барови, кога седиме на шанк или висок пулт. Но во ресторан, кафе или на свечена вечера – чантата останува надвор од масата.
Што мислите вие – дали ова правило се почитува доволно?“
„Кој би рекол дека пиењето кафе има правила?
Има да и тоа неколку, особено значајни во деловна комуникација.
Уживањето во кафето е уметност што надминува обична консумација… тоа е ритуал што ја отелотворува културата, поврзаноста, но и учтивоста.
Применете ги овие практики кога сте на кафе пуза на која сакате да оставите добар впечаток и претворете го пиењето кафе во секојдневно грациозно искуство што одразува почит и елеганција“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





